Турски воени авиони го прекршиле грчкиот воздушен простор

Од:

Турски воени авиони, без претходно да достават план за летање, го прекршиле грчкиот воздушен простор, прелетувајќи три пати над еден остров и над други два острови, објавија грчките медиуми.

Тие коментираат дека Турција го прекршила неформалниот мораториум на прелетувањата за време на големи празници, со оглед на тоа дека во Грција утре се слави Божиќ.

Според информациите од Генералштабот на армијата на Грција, на кои се повикуваат медиумите, пар турски воени авиони во 15.34 часот, прелетал над островот Ро на височина од 30 000 стапки. Веднаш потоа, во 16.16 друг пар турски Ф16 прелетал повторно над истиот остров, на двојно помала височина, а седум минути подоцна еден авион прелетал над Стронгили и Кастелоризо и потоа повторно над Ро.

Во сите случаи турските авиони биле препознаени и пресретнати од грчките воени авиони, како што е пракса во ваквите случаи, согласно меѓународните правила.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент