Турски офицери добија 18-месечно право на престој во Холандија по барањето за азил

Од:

Холандија им дозволи право на престој од 18 месеци на група турски офицери, кои побараа политички азил во земјата по обидот за воен удар на 15 јули минатата година.

Холандската Служба за имиграција и натурализација донела одлука турските офицери и нивните семејства да останат во земјата во периодот неопходен за разгледување на нивните молби за азил.

Но, не е соопштено за колкав број на турски офицери ќе важи мерката.

Анкара бара извесен број турски офицери именувани во Европа да се вратат во Турција, но тие одбиваат бидејќи стравуваат дека ќе бидат судски гонети.

Турските власти за пучот ја обвинуваат организацијата на исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски