Турскиот Парламент ја поддржа иницијативата на Владата за продолжување на уште една година на мандатот на вооружените сили во операцијата против Исламска држава и други терористички групи во Сирија и Ирак.
Сегашниот мандат завршува на 4. октомври.
Со оваа одлука на Парламентот, армијата добива можност уште една година доколку е потребно да презема трансгранични операции и да ја отстапува територијата на Турција за потребите на меѓународната коалиција, која се бори против ИД.