Екипи на турската крајбрежна стража привеле 100 сириски мигранти, меѓу кои 60 деца, кои имале намера да пристигнат до Кипар со мал чамец.
Мигрантите биле забележани во морето во близина на турскиот град Ердемли. Тие веднаш се испратени на сослушување в полиција.
Во акцијата бил уапсен и сопственикот на чамецот.