Турската армија започна операција против цели на ПКК во Југоисточна Турција

Од:

Турските сили за безбедност започнаа операција против скривалишта и магацини на бунтовници на Курдската работничка партија (ПКК) во Југоисточна Турција, соопшти турската армија.

Во соопштението се наведува дека во операцијата во регионот на Мазидаги во округот Мардин, во Југоисточна Турција, учествуваат пет воени единици.

Операцијата е преземена по повикот, објавен во саботата од лидерот на ПКК Абдулах Оџалан кон курдските бунтовници да свикаат конгрес, со цел да донесат одлука за ставање крај на 40-годишната вооружена борба против Турција.

Повикот Оџалан го објави во писмо по повод курдската Нова година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски