Турска нелегална организација подготвува напади врз полицијата

Од:

Забранетата турска екстремистичка организација Револуционерна партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С) подготвува како одмазда голем напад врз полицијата, објави денеска весникот „Туркие“.

Предупредување за ваквите иницијативи било испратено од Главната дирекција за безбедност до полициските станици во сите 81 турски окрузи.

Повод за одмазничките напади е убиството на член на оваа организација при престрелка со полицијата во Истанбул.

Во соопштението се предупредува дека ДХКП-С подготвува големи напади врз полицијата и нејзините објекти. Се наведуваат и имињата на седуммина членови на организацијата, кои се подготвени да ги извршат терористичките напади во големи градови, како на пример Анкара, Истанбул и Измир.

ДХКП-С е прогласена за терористичка организација од страна на ЕУ и САД. Таа е одговорна за неколку убиства и бомбашки напади во Турција во 70-тите години од минатиот век.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ