Туристичката сезона во Црна Гора ќе почне во јули

Од:

Директорката на црногорската Национална туристичка организација, Жељка Радак Кукавичиќ изјави дека почетната фаза на обнова на туризмот во Црна Гора почнува во јули.

Таа додаде дека сепак тоа ќе зависи од епидемиолошката ситуација во Европа.

– Според проценките на Светска труристичка организација на Обединети нации, почетната фаза на обнова на туризмот ќе почне во јули 2020 година, а најзначителниот дел од туристичкиот промет ќе го сочинуваат домашните туристи и регионалната туристичка побарувачка. Црна Гора тука ги гледа можностите, а сосема е сигурно дека туристите годинава ќе се одлучат за поблиските дестинации, посочи Радак-Кукавичиќ.

Таа додаде дека здравствената безбедност и сигурност се приоритети според кои ќе се раководат туристите при изборот на дестинација за одмор.

Радак-Кукавичиќ најави и создавање на „зелени авиокоридори“ со одредени земји со слично епидемиолошко ниво како Црна Гора, помеѓу кои се Германија, Австрија, Словенија, Словачка и Чешка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски