Турските власти воведоа воена состојба во реонот Рејханли во провинцијата Хатај, долж границата со Сирија.
Армиските сили распоредени во реонот се ставени во втор степен на борбена готовност, а на цивилите им е дозволено движење само со посебно одобрение од властите. На сите патни правци се распоредени воени и жандармериски патроли.
Според турските медиуми, во реонот во која важи воената состојба е видливо доаѓањето на нови единици на турската армија. Станува збор за војници и опрема кои се прераспоредуваат од пограничнити области со Ирак во реонот на Рејханли.