Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Од:

Турските власти денеска уапсија 34 лица осомничени дека се поврзани со Исламската држава, како дел од големата операција против оваа милитантна група, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на платформата Икс (Твитер).

– Сите осомничени се фатени во акцијата „Кафез 35“ и сите се странски државјани по кои Интерпол трага, додаде Јерликаја.

Тој исто така рече дека полицијата запленила неколку пиштоли без дозвола, пренесе Ројтерс.

Турските власти ги засилија операциите против Исламска држава откако двајца вооружени лица на ИСИС минатата недела убија едно лице во црква во Истанбул за време на неделна богослужба.

– Полицијата уапси 25 осомничени, вклучително и двајцата напаѓачи, кои се доведени во врска со пукањето, изјави во петокот министерот за правда Џилман Тунч.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски