Турција тврди дека 12 мигранти замрзнале до смрт, ја обвини Грција

Од:

Најмалку 12 мигранти денеска починале од смрзнување во турскиот град Едрене долж границата со Грција, откако грчките власти наводно ги потиснале назад, соопшти турскиот министер за внатрешни работи.

– Дванаесет од 22 мигранти потиснати од грчките гранични единици, на кои им биле соблечени облеката и чевлите, се смрзнаа до смрт, напиша Сулејман Сојлу на Твитер, споделувајќи фотографии од тела во близина на, како што рече, граничниот премин Ипсала.

Според локалната метеоролошка агенција, температурата во Ипсала беше 2 Целзиусови степени со дожд.

Како што јави ДПА, автентичноста на сликите не можела да се потврди од независни извори. Националноста на жртвите сè уште не е позната.

Едно лице е хоспитализирано додека во областа се трага по други на кои им е потребна помош, соопшти одделно канцеларијата властите на Едрене.

– ЕУ е неизлечива, слаба и лишена од човечки чувства, напиша Сојлу и ги обвини грчките гранични единици дека се „насилни кон жртвите, а толерантни кон ФЕТО“.

Засега нема официјална реакција од Атина.

Организациите за човекови права ја критикуваат Атина за незаконско потиснување на бегалците кон Турција. Атина негира и вели дека ги штити европските граници во согласност со меѓународното право.

Во Турција во моментов има околу 3,7 милиони сириски бегалци, покрај стотиците илјади мигранти од други земји.

Шверцерите на луѓе често се обидуваат да им помогнат на мигрантите илегално да влезат во Грција преку реката Еврос, која е позната и како Марица или Мерич.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот