Турција „се пазари“ околу вклучувањето во анти-ИД коалицијата, оценуваат британските медиуми

Од:

Официјална Анкара формално е дел од меѓународната коалиција, предводена од САД, за борба против Исламската држава (ИД), но се уште не се вклучува активно во пресметката со џихадистите, а уште помалку сака да им помогне на Курдите во пограничниот град Кобане, пишуваат британските медиуми, тврдејќи дека Турција „се пазари околу своето учество“.

Турската армија постави тенкови на самата граница со Сирија, но тие засега се само „неми набљудувачи“ на случувањата околу Кобане, во кој сириските Курди се мнозинско население.

Според медиумите во Лондон, турските власти им дозволуваат на американските авиони да ја прелетуваат територијата на Турција при бомбардирањата на позициите на џихадистите, но за повеќе од тоа инсистираат на исполнување на дополнителни барања.

Анкара сака сегашната операција на Западот на територијата на Сирија да не се сведе само на напади и уништување на позициите на сунитските исламисти, туку и со продолжување на борбата против „режимот на Асад“, не криејќи дека целта на Турција е соборување на сирискиот претседател од власта.

Се погласно и поотворено западните медиуми, меѓу кои и британските, ја обвинуваат турската Влада за пасивна политика кон забрзаниот подем на Исламската држава на Блискиот Исток, каде оваа исламистичка милитантна сунитсла група стана главната закана, како за регионот,така и за пошироката заедница.

Лондонски „Тајмс„ бара од Турција целосно и без резерви да се вклучи во борбата против ИД, посебно за да им се помогне на луѓето во Кобане, но Анкара сега зборува дека е потребно да се создаде зона на забранети летови и безбедносен коридор долж сириско-турската граница.

Инсистирањето на ова барање веќе предизвикува разногласие меѓу западните сојузници и во НАТО, кое бара Турција како членка на Алијансата да реагира, затоа што нејзината јужна граница е и граница на Пактот. Франција единствена ја подржува Анкара околу „безбедносната зона“, но САД се против, тврдејќи дека тоа во овој момент не е на дневен ред затоа што она што сега е примарно е борбата со ИД.

Официјална Москва се огласи со предупредување дека за турското барање не може да одлучуваат само НАТО или САД и нивните сојузници, туку Советот за безбедност на ОН, што уште повеќе ја компликува ситуацијата.

Медиумите во Лондон не веруваат дека Анкара лесно ќе се повлече од своите барања, затоа што е решена да го тргне Асад кого го смета за сојузник со шиитскиот Иран, како и да спречи отворање на прашањето за автономија или незавиност на Курдите, со кое одамна се судира на сопствената територија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски