Турција сака од САД да купи 117 ракети „воздух-воздух“

Од:

Турција побарала од САД да купи 117 ракети од типот „воздух-воздух“ и соодветната опрема за нив, за да ја засили својата противвоздушна одбрана, соопштува турскиот сајт „Ворлд булетин“.

Агенцијата за соработка во областа на безбедноста при Министерството за одбрана на САД го информирала Конгресот за можната продажба на Турција на ракети „Сајдвиндер“ и нивната придружна опрема, делови, обука и логистичка поддршка во вредност од 140 милиони долари.

Во информацијата на американската агенција до Конгресот се забележува дека Турција е партнер на САД во обезбедувањето на мирот и стабилноста во регионот и дека за националните интереси на САД е исклучително важно да му се укаже помош на НАТО сојузникот во развојот и поддршката на силна одбрана во состојба на готовност, која допринесува за прифатлив воен баланс во зоната.

Министерството за одбрана на САД го уверило Конгресот дека предложената продажба на ракети за Турција нема да го промени балансот на воените сили во регионот.

Согласно законите на САД администрацијата треба да го информира Конгресот при продажбата на оружје на други држави и да побара одобрување. Ако предлогот за продажба се однесува на земја која е членка на НАТО, Конгресот располага со 15 дена за да ја отфрли зделката или таа автоматски добива одобрение.

Турција претходно имаше побарано да купи од САД вооружени беспилотни авиони, но барањето предизвика спор во Конгресот, кој ја отфрли продажбата, веројатно заради влошените односи на Турција со Израел, близок сојузник на САД, потсети „Ворлд булетин“.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија