Турција предупредува: Можен терористички напад во Косово

Од:

Турција ги предупреди косовските власти за можни терористички напади врз објекти на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ на Косово.

Турската амбасада во Приштина испратила официјално писмо до косовското Министерство за надворешни работи во кое побарало косовските власти да преземат дополнителни безбедносни мерки во реонот на зградите на културниот центар во Приштина, Призрен и Пеќ, со цел да ги заштитат од евентуални напади од страна на „терористичката организација на Фетулах Ѓулен“, јави радиото Слободна Европа на албански јазик.

Извори за радиото изјавиле дека нема признаци за подготовка на конкретни терористички дејствија, но во ситуација на глобална терористичка закана се неопходни зајакнати мерки за безбедност.

Турскиот културен центар „Јунис Емре“ на Косово беше отворен пред пет години. Тој е финансиран главно од генералниот конзулат на Турција во Призрен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

ВИДЕО: Саудијците предупредувле за напаѓачот од Магдебург, Германија игнорирала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Германија сака да ја исламизира Европа“ – нови детали за напаѓачот од Магдебург

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Бројот на загинатите во Магдебург се искачи на пет

А1он