Изборната комисија потврди дека Турција ќе добие нов претседател во вториот круг од изборите на 28 мај.
Вториот круг од претседателските избори во Турција ќе се одржи во недела на 28 мај, бидејќи ниту еден од кандидатите во првиот круг не доби повеќе од 50 отсто од гласовите, соопшти денеска претседателот на турската изборна комисија Ахмет Јенер.
Како што јави турската телевизија ТРТ, според прелиминарните резултати, актуелниот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган освоил 49,51 отсто, а неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу 44,8 отсто од гласовите, додека Синан Оган освоил 5,17 отсто од гласовите.
Излезноста на гласачите беше 88,92 отсто, а во странство 52,69 отсто, рече Јенер.