Турција нуди помош и за ирачката армија и сунитските борци во реонот на Мосул

Од:

Турција ќе ја прошири програмата за воена помош со што ќе ја вклучи во неа и ирачката армија и сунитските сили во реонот на Мосул, објави Хуриет.

– Одлучивме да обезбедиме обука и муниција, разузнавачка и логистичка поддршка за ирачката армија, ирачките курдски борци и на сунитите, изјави министерот за одбрана Исмет Јилмаз.

Тој прецизира дека воената обука на сунитските племиња ќе се изврши во северен Ирак.

– Анкара очекува одлука од ирачките власти за определување место за извршување на програмата за воена обука, додаде министерот. Турција од ноември лани активира програма за воена обука на 1.500 ирачки курдски борци во северен Ирак во рамки на напорите за борба против џихадистичката Исламска држава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски