Турција никогаш нема да се откаже од купување на С-400 од Русија

Од:

Турција никогаш нема да се откаже од договорот за купување на одбранбени ракетни системи С-400 од Русија, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тој додаде дека по купувањето на С-400, Анкара би можела да размисли за купување на систем С-500.

САД претходно ја предупреди Турција дека купувањето на С-400 од Русија би можело да ги загрози договорите од областа на одбранбената индустрија помеѓу сојузниците на НАТО.

Ердоган додаде и дека САД не би требало да се обидуваат да ја дисциплинираат Турција со трговски мерки, нагласувајќи оти и Анкара подготвува сопствени мерки.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот