Турција нема да извршува воени напади врз ИД

Од:

Турските власти се согласија со предлогот на САД да не извршуваат самостојни воздушни напади врз позиции на борците од групацијата Исламска држава во Сирија надвор од рамките на операцијата на меѓународната антитерористичка коалиција, изјави портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.

– Ги замоливме турските власти да не извршуваат самостојни воздушни напади врз позиции на ИД во Сирија, додека Турција целосно не се интегрира во меѓународната антитерористичка коалиција, за да биде обезбедена безбедноста на извршуваните воздушни операции за коалицијата во мошне оптоварениот воздушен простор. Турците се согласија, додаде Кирби.

Според него Вашингтон и Анкара продолжуваат да работат за ликвидирање на заканите, кои произлегуваат од ИД во Сирија во близина на границата со Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски