Турција негира дека борци на ИД влегле во Сирија од турска територија

Од:

Турција денеска ги негираше тврдењата дека џихадистите од Исламска држава во сирискиот град Кобане влегле преку турската граница.

Во овој самоубиствен напад (експлозија на автомобил-бомба) погинаа пет лица, соопшти Рами Абдел Рахман, директор на сирискиот Центар за мониторинг на човековите права.

Според некои извештаи, четири автомобили на припадници на ИД го минале граничниот премин со Турција, Мурситпинар, и се упатиле понатаму кон Кобане, што Турција најостро го негира, пренесуваат француските медиуми.

„Податоците со кои располагаме докажуваат дека припадниците на ИД се уфрлиле во Кобане од сириското место Јараблуса“, соопшти канцеларијата на гувернерот на пограничниот турски регион Санлиурфа.

Неименуван турски официјален претставник за француските медиуми изјави:„имаме конректни докази дека не дошле од турска страна“ и додаде дека наскоро ќе покажат и фотографии што тоа и го докажуваат.

Центарот за мониторинг на човековите права соопшти и дека борците на Исламска држава денеска во едно село јужно од Кобане извршиле егзекуција врз најмалку 20 сириски Курди, меѓу кои имало жени и деца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски