Турскиот министер за одбрана Исмет Јилмаз изјави денеска дека Турција нема да преземе воена операција во Ирак против припадниците на Исламска држава.
Јилмаз посочи дека Турција не учествува во американските воздушни удари врз екстремистите во близина на Ербил, главниот град на Ирачки Курдистан.
Во изјавата Јилмаз вели дека Турција досега „не доставила каква било помош за САД“. Високи турски претставници негиораа дека американската воено-воздушна база Инџирллик во Турција се користела за нападите во Ирак.