Турција испрати дополнителен воен контингент во кампот Башика во северен Ирак за обука на курдските борци, пешмерги и ќе ја продолжи програмата за нивна обука, изјави денеска турскиот заменик-премиер Нуман Куртулмуш.
– Обуката, извршувана од турските војници ќе продолжи. Главна цел на нашите војници, кои беа дополнително распоредени во кампот Башика е зголемување на борбената готовност кон Исламска држава. Нашите војници таму обезбедуваат подобра заштита, рече Куртулмуш.
Тој нагласи дека Турција ќе биде во состојба на готовност за да ја обезбеди безбедноста на турските војници во Ирак и други региони.
Турција на 4 декември распореди воен контингент, вклучувајќи и војници, тенкови и артилерија во кампот Башика, во кој Анкара ги обучува курдските борци за напади во Мосул, кој беше заземен од ИД во јуни 2014 година. Распоредувањето на турските војници предивика тензии во во односите меѓу Анкара и Багдад.