Турција ја зголеми минималната плата за 22 отсто

Од:

Турција ја зголеми својата минимална плата за 21,56 отсто од 1 јануари, изјави денеска министерката за семејство, труд и социјална политика, Зехра Зумрут Селчук.

Како што објави весникот „Сабах“, месечната нето минимална плата ќе изнесува 2.826 турски лири (380 американски долари), во споредба со досегашните 2.324 турски лири.

– Нето минималната плата се зголеми за 500 лири, за 21,56 отсто, во споредба со 2020 година, рече Селчук.

Министерката додаде дека зголемувањето на платата е за 7 проценти повисоко од инфлацијата во ноември.

– Во ноември 2020 година, инфлацијата беше 14,03 отсто. Обезбедувајќи зголемување од околу 7 проценти над овој процент, ние уште еднаш го исполнивме ветувањето дека нема да дозволиме нашите работници да бидат уништени од инфлацијата, рече Селчук.

Околу половина од сите работници во земјата со 83 милиони жители работат за минимална плата, покажува истражувањето на Конфедерацијата на прогресивни синдикати на Турција.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија