Турција ја вооружуваше и ИД, тврди еден од основачите на АКП

Од:

Владата на Турција им испраќаше оружје на вооружените екстремистички групи во Сирија, меѓу кои беше и џихадистичката Исламска држава, тврди еден од основачите на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), Денгир Мир Мехмет Фарат.

Фарат, кој во јули годинава ја напушти АКП, во интервју за весникот „Тараф“, вели дека турската Влада воено и финансиски помагала неколку бунтовнички групи Сирија, со цел да ги спречи обидите на сириските Курди за прогласуавње автономија во регионот на Рожава.

– Оваа погрешна политика ја доведе Турција во состојбата во која се наоѓа сега, изјави Фарат, кој е и поранешен потпретседател на АКП.

Фарат ја критикуваше турската Влада во врска со нејзиниот однос кон протестите на Курдите ширум Турција во текот на оваа недела, при што загинаа над 30 лица, како и поради најавите на високи владини претставници деќа ќе бидат презмени репресивни мерки кон демонстрантите.

– Задача на државата е во прв ред да ги штити редот и безбедноста. Репресивни мерки се преземаат кон непријатели на државата, оцени Фарат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски