Турција ја одложи нарачката од САД на своите први два авиони Ф-35

Од:

Турција денеска соопшти дека ја одложила порачката од САД на првите два авиони ловци Ф-35 заради технички и финаниски проблеми во проектот, но потврди дека се уште планира да купи 100 авиони од овој тип, пренесоа француските медиуми.

Заради сегашната положба на проектот ЈСФ и заради неговата нарасната цена беше одлучено да се одложи порачката за двата авиона, направена на 5 јануари 2012 година, се подвлекува во соопштението на Секретаријатот за одбранбена индустрија на Турција.

Државниот орган, одговорен за купувањето вооружување, ја објасни својата одлука подвлекувајќи дека техничките можности на авионот се уште не се на посакуваното ниво.

Турција се очекува во 2014 година повторно да ја разгледа програмата Ф-35, во која учествува, но се уште планира да се здобие со 100 ловци од овој тип, за да ја замени својата сегашна летечка флота, составена главно од авионите Ф-4 Фантом и Ф-16 Фалкон, се додава во соопштението.

Програмата Ф-35 е најскапата вооружена програма, што досега била преземена од Пентагон.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија