Турција ја обвинува Грција дека поддржува терористи, Атина категорично ги отфрла обвинувањата на Анкара

Од:

Амбасадорот на Грција во Анкара, според грчките медиуми, бил повикан во Министерството за надворешни работи на Турција за да му биде изразено турското незадоволство за „поддршката на Грција на терористички организации“ и „протестот на ПКК во близина на амбасадата на Турција во Атина“, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, говорејќи за телевизијата „Скај“, утрово истакна дека обвинувањата од Турција се „комплетно неточни и неосновани, а очигледно е дека Грција нема никаква врска со тоа“.

Дипломатски извори за грчките медиуми коментирале дека „целосно ги отфрлаат обвинувањата од Турција за наводното помагање на терористички организации во Грција, бидејќи се неосновани и невистинити“, а земјата целосно ги спроведува одлуките на Европската унија за борба против тероризмот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот