Турција ја обвини сојузничката земја членка на НАТО и ривал Грција дека користи систем за противвоздушна одбрана од Русија за малтретирање на турски авиони во меѓународниот воздушен простор над Средоземното Море.
Како што јави радио Слободна Европа, турскиот министер за одбрана на рекол дека инцидентот се случил на 23 август, кога грчкиот ракетен систем С-300 на островот Крит ги „осветлил“ и следел турските авиони Ф-16 кои летале на 10.000 стапки во близина на Родос.
Турските власти рекоа дека „осветлувањето“ (lock on) на нивните авиони се смета за непријателски чин според правилата на НАТО за ангажман.
Грчкото Министерство за одбрана не даде веднаш коментар, но грчката државна телевизија Ерт цитираше неименуван извор од Министерството кој ги негираше наводите.
Ова е најново тврдење на Анкара дека Грција таргетира нејзини авиони над источниот Медитеран и Егејското Море.
Иако и двете земји се членки на НАТО, соседите имаат долготрајни поморски и воздушни спорови кои на моменти речиси доведоа до вооружени конфликти.
Грција ја обвинува Турција за прелетување на грчките острови. Од друга страна, пак, Турција ја обвинува Грција дека стационирала војници на островите во Егејското Море, што ги прекршува мировните договори потпишани по Првата и Втората светска војна.
Извор: МИА