Турција изрази поддршка за предводената од Саудиска Арабија воена операција во Јемен

Од:

Турција денеска изрази поддршка за предводената од Саудиска Арабија воена операција против бунтовниците хуси во Јемен и ги повика шиитските милиции хуси и нивните странски поддржувачи да се откажат од активностите, кои се закана за мирот и безбедноста во регионот.

Во соопштението на турското министерство за надворешни работи се наведува дека Саудиска Арабија претходно ја информирала Анкара за операцијата.

Според Анкара операцијата на Саудиска Арабија ќе ја закрепне законската државна власт и ќе го спречи ризикот од граѓанска војна.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија