Турција интервенира во Сирија за да го евакуира гробот на Сулејман шах

Од:

Турската армија воено интервенираше во Сирија за да го „спаси од уништување“ и да го извлече гробот со посмртните останки на Сулејман шах, дедото на оснивачот на Отоманската империја, Осман Први.

Гробот се наоѓа во близина на турско-сириската граница, јужно од градот Кобане, на специјално уредена локација, која според спогодбата од 1921 година претставува енклава на Турција во Сирија.

Енклавата и гробот се чувани од турски војници и на неа се вее турското знаме.

Операцијата на сириската територија почнала во саботата, во 21 часот по локално време.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ја потврди воената интервенција и ги пофали војниците за успешно изведената операција.

-Им наредив на нашите воени сили да интервенираат за заштита на нашите духовни вреднист и за извлекување на на нашите војници, изјави во Анкара премиерот Давутоглу.

Посмртните остатоци на Сулејман паша биле повлечени на турска територија, а гробното место било разурнато за да не се користи од припадниците на Исламска држава (ИД).

Според толкувањата во Анкара, локацијата на која интервенирала турската армија, претставува суверена територија на Турција.

Поранешниот премиер Реџеп Таип Ердоган, сега турски претседател, уште во 2012 година предупреди дека напад врз локацијата каде е погребан Сулејман шах ќе се третира како напад врз територијата на Турција и на НАТО. Тогаш таквото предупредување беше дадено за сириската армија, но сега интервенцијата се оправдува со можноста локацијата да се заземе од сители на ИД, кои се во тој дел од Сирија.

Никој досега не го нападна ова место, иако во неговата околина се водеа тешки борби, посебно околу опсадата на Кобане.

Во текот на воената интервенција немало судири со џихадистите на ИД, но еден турски војник загинал. Според турските воени власти, војникот загинал во несреќен инцидент.

Турција најави дека подоцна, гробот на Сулејман шах ќе биде вратен на нова локација „некаде во Сирија“ и во близина на границата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија