Турција гради затвори за хомосексуалци

Од:

Турската влада планира да изгради посебни затвори за хомосексуалци, што предизвика загриженост кај здруженијата за заштита на правата на геј популацијата, бидејќи стравуваат дека таквата одлука може дополнително да изрази хомофобија и дискриминација на хомосексуалните лица во Турција.

Министерот за правда, Бекир Боздаг изјави дека е во план изградба на затворска установа, во која хомосексуалците ќе бидат оделени од останатите затвореници, за да бидат заштитени, пренесе „Ројтерс“.

-Затворениците кои што ќе се изјаснат дека се хомосексуалци, нема да бидат со останатите престапници во заедничка просторија-наведе Боздаг.

Според статистичките податоци на турското Министерство за правда, во тамошните затвори 79 затвореници признаа дека се хомосексуалци, бисексуалци и трансвестити, но нивниот број е многу поголем од оној што се знае, бидејќи многумина не сакаат да ја откријат својата сексуална ориентација.

Иако владеачката исламистичка партија на правда и развој донесе низа реформи на човековите права, за да ги зајакне напорите на Турција да се приклучат во ЕУ, таа сепак не ги призна правата на хомосексуалците.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

ВИДЕО: Снимка од ударот на хеликоптерот во болница во Турција

ВИДЕО: Хеликоптер удри во болница во Турција, четворица мртви

Претседателот на Големото национално собрание на Турција во тридневна посета на земјава

А1он