Турција ги засилува безбедносните мерки поради зголемената активност на Курдите во Сирија

Од:

Турција презема дополнителни мерки за гарантирање на националната безбедност по најновите случување во североисточна Турција, поврзани со зголемените активности на курдските бунтовници, изјави турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.

„Турција е вознемирана од случувањата во пограничните реони на Сирија кои се под контрола на сепаратистите од Курдската работничка партиоја (ПКК) и нејзините сојузници“, изјави Ердоган по средба со раководителите на турските безбедноси сили.

Турските медиуми објавија дека властите во Дамаск ја возобновиле соработката со ПКК, како одговор на поддршката на Анкара за сириската опозиција.

Катарската телевизија Ал Џазира објави дека активистите на движењето на сириските Курди, Партијата на демократската унија контролираат над 80 проценти од руралните области во пограничните региони кон Турија, Африн, Амуда и Рас ал Ајн, каде мнозинството од населението се Курди.

Партијата на демократската унија, која важи за огранок на ПКК во Сирија, соработива со другата опозициска партија на сириските Курди, Курдската национална унија, залагајќи се за широка автономија на деловите од Сирија во кои живеат Курди.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ