Турција ги укинува визите за шест европски држави

Од:

Турските власти на 2 март ќе ги укинат визите за граѓаните на Австрија, Белгија, Холандија, Шпанија, Полска и Велика Британија, кои доаѓаат во туристичка посета на Турција во траење до 90 дена, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи.

Како што пренесуваат странските агенции, турските власти воведуваат визни олеснувања со цел јакнење на туризмот, претприемништвото и културната размена, но и на државната каса.

Бројот на странски туристи се зголеми за 14,11 отсто во 2019 година со што приходите од туризмот достигнаа 34,5 милијарди долари, покажуваат податоците од јануарскиот извештај на турското Министерство за туризам и Институтот за статистика.

Би можело да ве интересира

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Нури Аслан избран за привремен градоначалник на Истанбул

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат

Приведен градоначалникот на Истанбул

А1он

Во Истанбул за месец и пол умреле 37 лица од лажен алкохол

А1он