Турција ги обвини Курдите дека ослободиле над 800 терористи

Од:

Турција ги обвини курдските единици за ослободување на повеќе од 800 милитанти од терористичката „Исламска држава“ во Сирија.

„Турција е единствен партнер на НАТО и меѓународната коалиција во борбата против „Исламската држава“ и неутрализираше повеќе од 4.000 припадници на таа терористичка организација во Ирак и Сирија. Од друга страна, Курдската работничка партија и Силите за заштита на народот ослободија повеќе од 800 затвореници само во Тел Абиџад“, се вели во соопштението на турското Министерство за национална одбрана.

Од почетокот на воената операција во североисточна Сирија, Анкара ги обвинува курдските сили за ослободување на милитантите од локалните затвори.

Курдите велат дека екстремистите успеваат да избегаат за време на нападите на турската армија, бидејќи тогаш има гранатирање и оштетување на затворските објекти.

Според неодамнешните проценки, околу 11.000 милитанти се приведени во областа, вклучително и околу 9,000 Сиријци и Ирачани, како и 2.000 лица од околу 50 други земји.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски