Турција евакуира град на границата со Сирија од безбедносни причини

Од:

Турција денеска од безбедносни причини наложи евакуација на жителите на градот Каркамиш, на границата со Сирија, јави Си-Ен-Ен Турк.

Полицијата преку мегафон ги предупреди граѓаните да се евакуираат заради безбедносни причини од градот Каркамиш, на кој беа истрелани две минофрлачки гранати од територијата на Сирија. Градот се наоѓа во близина на Џарабулус во Сирија, кој е под контрола на Исламска држава.

Медиумите пренесуваат дека сириските бунтовници, кои ја имаат поддршката на Анкара, подготвуваат голема офанзива со цел да ја повратат контролата врз Џарабулус.

Во меѓувреме, турскиот министер за надворешни Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција ќе пружи секаков вид поддршка на операциите против џихадистите од Исламската држава од Сирија и Ирак, вклучувајќи и можна офанзива на Џарабулус.

Тој уште наведе дека неговата земја е одлучна во борбата против ИД и курдските милиции „како во Турција, така и надвор од неа“, дополнувајќи дека тие две групи ги интензивирале нападите во Турција после минатомесечниот обид за преврат во земјата.

Чавушоглу не прецизираше каква ќе биде планираната турска поддршка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија