Тројца загинати при насукување на брод со имигранти кај Родос

Од:

Најмалку три лица загинаа денеска кога брод што превезувал илегални имигранти се насука во близина на грчкиот остров Родос.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, за време на спасувачка операција пронајдени се телата на маж, жена и дете, кои паднале во морето и се удавиле.

Грчката крајбрежна стража соопшти дека при операцијата досега се спасени 83 луѓе, од кои 23 се пренесени во болница, а остантите се приведени во локалната полициска станица.

rodosBrod1

Акција за потрга по уште евентуално преживеани имигранти продолжува.

Според грчките медиум, останува нејасно колку вкупно имигранти имало на бродот, а засега не е позната ни нивната националност.

Годишно десетици илјади илегални имгранти сакајќи да влезат во ЕУ, се обидуваат од Турција преку водите на Егејското Море да стигнат до Грција или некои од грчките острови.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица