Тројца убиени во судири меѓу непријателски курдски групи во Турција

Од:

Три лица се убиени во судирите меѓу непријателските курдски групи во југоисточна Турција, соопшти ДПА, повикувајќи се на агенцијата Анадолија.

Две лица вчера се убиени во судирите во градот Џизре, во близина на границата со Сирија, а третиот од здобиените повреди починал во болница, соопшти валијата на округот Шарнак, цитиран од Анадолија.

Во судирите учествувале младинци од организација која се поврзува со забранетата Курдска работничка партија (ПКК) и поддржувачи на курдска исламистичка партија.

Во судирите меѓу непријателските курдски групи во октомври беа убиени над 40 лица. За време на протестите, приврзаници на ПКК се кренаа на бунт, барајќи од турската Влада да го заштити сирискиот град Кобане, каде курдските борци се бореа со џихадистите од Исламска држава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски