Тројца полицајци повредени во протести во Приштина

Од:

Косовската полиција употреби солзавец за да растера група демонстранти во Приштина по протестот на кој се собраа околу 7.000 луѓе со барање да биде сменет српски министер во косовската Влада.

Во инцидентите по собирот биле повредени тројца полицајци и неколкумина демонстранти. Демонстрантите фрлале камења и искршиле повеќе прозорци на владината зграда. Поради нивното насилство биле уништени и неколку угостителски објекти кои се наоѓале во близина.

Собирот е одржан во организација на движењето „Самоопределување“ и здружението „Повик на мајките“, со поддршка од Алијансата за иднина на Косово, Иницијативата за Косово и студентите од приштинскиот Универзитет.

Според демонстрантите, министерот за враќање на бегалците и малцинските заедници Александар Јаблановиќ ги навредил косовските Албанци, нарекувајќи ги „дивјаци“ албанските демонстранти кои пред две недели не им дозволиле на група Срби за време на Божик да посетат манастир во западниот дел од земјата.

Министерот тогаш јавно се извини поради кажаните зборови, но тоа предизвика серија протести во последните недели меѓу албанското население.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска