Тринаесетта жртва од пожарот во Домот за стари лица во Тузла

Од:

Бројот на загинати во пожарот во Домот за стари лица во Тузла се искачи на 13.

Пациент кој беше хоспитализиран на Клиниката за анестезиологија и реанимација почина синоќа, јавува N1.

Моменталниот број на хоспитализирани пациенти на Клиниката за анестезиологија е 13.

Пожарот избувна во вторникот вечерта. Во пожарот се повредени повеќе од 30 лица.

Меѓу повредените има тројца полицајци, шест пожарникари, а останатите се или корисници на Домот за стари лица или вработени.

Директорот на Домот за стари лица, Мирсад Бакаловиќ, поднесе оставка по трагедијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Страотни сцени во Тузла, 11 жртви во пожар во старски дом

Затворена е кујната во Домот за стари лица во Берово по појавата на стомачни тегоби

(ВИДЕО) Полицајци во Тузла скокнаа во надојдена река по криминалец, двајца се исчезнати

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Во Дом за стари лица во Скопје починала жена од Кавадарци