Трифонов потврди дека го напуштиле седум пратеници од неговата партија „Има таков народ”

Од:

Лидерот на партијата „Има таков народ“ Слави Трифонов на Фејсбук напиша дека добил информација дека седум пратеници од неговата партија ќе ја напуштат неговата пратеничка група.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Трифонов, тие ќе ги поддржат копретседавачите на владејачката партија „Промените продолжуваат“ Кирил Петков и Асен Василев.

Според Трифонов, најверојатно биле купени со пари и позиции.

„Ќе се види кој што ќе стане“, напиша Трифонов на својот профил на Фејсбук.

Пратеникот од владејачката партија „Промените продолжуваат“ Атанас Михнев претходно најави дека нашле дел од потребниот број пратеници за да обезбедат мнозинство во Народното собрание на Бугарија.

Тој беше дециден дека не се пазарат за пратеници, туку се пазарат само за да ја продолжат борбата против корупцијата, за храброст против мафијата.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, за владејачкото мнозинство да ја задржи власта во Народното собрание на Бугарија, треба да се обезбедат вкупно 12 гласа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трифонов: Веднаш да се врати ветото за прием на Македонија во ЕУ

Орце Костов

Шест партии влегуваат во новиот бугарски парламент, ГЕРБ-СДС останува прва политичка сила

А1он

Демократска Бугарија се спротивстави на идејата на Трифонов за претседателска република

А1он

Слави Трифонов: Народот треба да каже дали е време Бугарија да стане претседателска република

А1он

Трифонов: Нема да учествувам во преговорите за формирање на новата влада на Бугарија, одиме на избори

Лидерот на бугарската партија „Има таков народ“ најави повлекување на министрите од владата

А1он