Бројот на невработени во Кипар во мај се зголемил за 30 отсто во споредба со истиот месец минатата година, се вели во податоци на Статистичкиот институт.
Во кипарската служба за вработување во крајот на мај биле регистрирани 44.424 невработени, а во мај 2012 година бројот им бил 34.162.
Порастот на бројот на невработените е директно поврзан со договорот од март на Владата на Кипар со тројката меѓународни кредитори за антикризна програма во замена за кредит од 10 милијарди евра. Според експерти, оваа година невработеноста ќе биде 15,5 отсто, а во 2014 година 16,9 отсто.