Триесет масонски ложи на средба во Белград

Од:

Европски масонски состанок по повод обележувањто на 95 години од основањето на Големата ложа на Југославија во 1919 се одржува во Белград од 5 до 7 јуни.

Истовремено се одбележуваат и 45 години од Собрание на Регуларната Голема Ложа на Србија, а на двете случувања се пристигнати претставници од преку 30 Големи Масонски ложи од Европа и светот.

Белград и Србија повторно го зазедоа исклуително важното место во европскато и светскато Слободноѕидарско братство, што дополнително ја зајакнува позицијата на Србија, соопштија од Големата Ложа на Србија.

Ова е прв пат масоните да се собираат на голем состанок во Србија после 82 години, а се претпоставува дека веќе се пристигнати околу 250 „слободни ѕидари“.

Драгослав Павловиќ, голем мајстор на Големата национална ложа на Србија за српските медиуми изјави дека помеѓу масоните кои доаѓаат се и луѓе кои во своите земји заземаат значајни функции, како политички, така и економски, но нивните имиња на луѓето во Србија не им значат ништо. Слободните ѕидари или масони се најголемото меѓународно тајно друштво во светот кое брои над 6 милиони членови.

Би можело да ве интересира

Мистерија која трае со векови

Ана Ололовска

Хрватски академик: Масоните подготвуваат Трета светска војна

Ана Ололовска

Светските масони на собир во Белград

Емир Латифовиќ

Масоните ќе градат универзитет во Белград

Емир Латифовиќ

Масоните се собираат во Белград

Емир Латифовиќ