Масоните се собираат во Белград

Од:

Масоните од сите европски ложи доаѓаат во Белград, а некои медиуми тоа го поврзуваат со СНС.

Според медиумите, највлијателните функционери и финасиери на СНС во масонеријата е позната, па состанокот се доведува во врска со победата на Томислав Николиќ на претседателските избори.

Конференцијата на Обединетите Големи ложи на Европа ја организира Големата национална ложа на Србија, чиј голем мајстор Драгослав Павловиќ за „Прес“ кажа дека повод за доаѓањето на европските слободни ѕидари во Белград е стогодишнината од формирањето на Масонскиот врховен совет на Србија.

Павловиќ за српските медиуми не откри кои се масоните што доаѓаат во Белград но кажа дека меѓу нив има многу богати и моќни луѓе. Според него во Србија има околу 2500 масони, а според правилата имињата не се откриваат никогаш.

 

Би можело да ве интересира

Мистерија која трае со векови

Ана Ололовска

Триесет масонски ложи на средба во Белград

Емир Латифовиќ

Хрватски академик: Масоните подготвуваат Трета светска војна

Ана Ололовска

Светските масони на собир во Белград

Емир Латифовиќ

Масоните ќе градат универзитет во Белград

Емир Латифовиќ