Tридневна жалост во Србија поради жртвите од поплавите

Од:

Поради големиот број жртви од катастрофалните поплави во Србија, српската Влада вчера прогласи тридневна жалост на 21, 22 и 23 мај.

Согласно Законот за ден на жалост предвидено е знамињата да се спуштени на половина копје, а на спортските и културните манифестации да им се одаде почит на настраданите со едноминутно молчење.

Електронските медиуми се должни да ја усогласат програмата, а весниците да бидат испечатени во црна боја.

Денот на жалост не може да трае подолго од три дена, а за кршење на одбележувањето предвидени се парични казни.

На територијата на Србија досега се евакуирани 31.873 лица од загрозените подрачја, поплавени се 2.260 објекти, а загрозени се уште 1.763, соопшти синоќа Министерството за внатрешни работи на Србија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор