Тридневна жалост во Црна Гора, да се откажат концертите за вечерва апелира Владата

Од:

По повод трагичниот настан што се случи денеска во Цетиње, Владата на Црна Гора на итна телефонска седница донесе одлука 2, 3 и 4 јануари да ги прогласи за Денови на жалост.

Владата на Црна Гора апелира до општините да ги откажат настапите и концертите закажани за вечерва (1 јануари).

„Ужасна трагедија која не погоди сите нас. Сите расположливи единици се во Цетиње и трагаат по сторителот. Се надевам дека лекарите ќе ги спасат животите на ранетите, кои се во тешка состојба. Ќе одржиме и седница на Советот за национална безбедност на која ќе разгледаме бројни опции, меѓу кои и целосна забрана за поседување оружје, бидејќи после ова треба да се запрашаме кој смее да поседува оружје во Црна Гора“, изјави премиерот Милојко Спајиќ.

Во согласност со Одлуката, јавните, културно-забавните програми нема да се одржуваат на јавни места, а музика нема да се емитува во угостителските објекти.

Електронските и другите медиуми се должни својата програмска содржина да ја прилагодат на одбележувањето на денот на жалост.

Би можело да ве интересира

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“