Тридневен генерален штрајк во Грција

Од:

Во Грција денеска почна тридневен генерален штрајк во знак на протест против новите мерки за штедење кои се предложени за гласање во Парламентот.

Синдикатите од денеска објавија 48 часовен штрајк, кој е дополнување на штрајкот што беше најавен за недела. Од денеска не работат државните слуќби, некои компании од приватниот сектор, јавниот транспорт не функционира, а штрајкуваат и новинарите. Болниците ќе примаат само итни случаи, стоматолозите ги затворија своите ординации, а не работат ни адвокатите и правните фирми.

Фериботите кон и од грчките острови нема да пловат до вторник. Грчките власти вчера се обидоа да преговараат со синдикатите на пристанишните работници да се пушта барем по еден ферибот, со оглед на тоа што на островите веќе има туристи, но не беше постигнат договор.

Грчките пратеници во Парламентот дискутираат за реформите во пензискиот систем кои треба да се спроведат во согласност со договорот со кредиторите. За предлог законот треба да се гласа во недела доцна навечер.

Би можело да ве интересира

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Грција: Раководството на Северна Македонија се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми