Три земјотреси се регистрирани кај Крит

Од:

Три земјотреси со јачина меѓу 3 и 3,4 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во раните утрински часови за неколку минути во морската област јужно од грчкиот остров Крит.

Според извештајот на грчкиот институт за геодинамика, првиот земјотрес бил со магнитуда од 3 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 45 километри југозападно од Палеохори, на длабочина од 11,3 километри.

Вториот земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала бил со ист епицентар и длабочина од 6,7 километри, јавуваат грчките медиуми.

Неколку минути подоцна следеше трет земјотрес со јачина од 3 степени со ист епицентар и длабочина од 12,9 километри.

Нема извештаи за материјални штети во овие земјотреси.

Би можело да ве интересира

Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Исланд го погодија два земјотреси со јачина од 5,2 и 5,3 степени

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се спасија девојчиња заробени под рушевините во Мјанмар

А1он

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 2.056, а повредени се над 3.900 лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Уживаа во базенот на покривот од зградата, а потоа наеднаш бранови: Паника за време на земјотресот во Бангкок

Предраг Петровиќ