Во Зубин поток, во северно Косово, рано утринава се извршени три вооружени напади, во кои нема ранети.
Извор од косовската полиција соопшти дека непознати лица прво од огнено оружје стрелале врз банката КЕП и врз канцеариите во кои се наоѓа локалната радиостаница, а потоа стрелале и врз куќата на Дража Божовиќ, командир на косовската полиција во Зубин поток.
За време на нападот во куќата на Божовиќ биле неговата сопруга и брат, кои не биле повредени.
Врз куќата било стрелано со огнено оружје, а во дворот бил фрлен и експлозив, најверојатно рачна бомба.