Три причини поради кои Русите на избрзаа да му помогнат на Кипар

Од:

Има три причини поради кои Русија не избрза да му помогне на Кипар, смета хардварскиот професор Јуриј Жуков.

– Москва дозволи да исчезнат четири до шест милијарди евра, наместо да преземе мерки за да го заштити даночниот рај за многу нејзини „крупни“ инвеститори. Министерот за финансии на Кипар Михаил Сарис на 19 март пристигна во Москва во обид да го спаси банкарскиот сектор на земјата од банкрот. Министерот побара нова финансиска помош во замена за доделување право за експлоатирање на природен гас, делови во кипарските банки и трговски прерогативи во енергетиката. Два дена подоцна тој си замина со празни раце, пишува Жуков во статија за списанието „Форин аферс“

Потоа следуваше спогодбата со Европската унија, која предвидува одземање на милијарди евра од сметките на богати Руси и замрзнувње на уште неколку милијарди во кипарските банки, пишува Жуков.

Хардварскиот професор нагласува дека за повеќе западни набљудувачи одбивањето на Москва да го прифати предлогот на Никозија била стратешка грешка.

– Русија можела да го зајакне стратешкото присуство во една земја, имајќи ја предвид важноста на источниот Медитеран. Зошто сепак не го стори тоа?, прашува тој.

Авторот на статијата изнесува три појаснувања. Првото е дека не било јасно дали навистина бил ставен некаков кипарски предлог на преговарачката маса, второто е дека Русија не верувала дека една спогодба во последен момент би можела да ја промени судбината на Кипар и трето е дека било проценто дека загубите на Русија од уривањето на кипарскиот банкарски сектор нема да бидат катастрофални.

Со други зборови, според Жуков, одлуката на Москва да ја отфрли спогодбата со Кипар е во служба на долгорочните интереси на Русија.

Според професорот генералното уверување во Русија е дека одлуката за промена на банкарскиот систем на Кипар била донесена во Европа пред неколку години. Фактичката дилема на Москва била дали да го загуби даночниот рај или да „влева пари во едно буре без дно“.

Затоа таа ја избрала стратегијата, според која ќе ги минимизира загубите. Последните оценки ја зголемуваат таа загуба на Русија на четири до шест милијарди евра.

– Со сигурност тоа е голема сума, која сепак е многу помал проблем од тие со кои се соочува земјата. Бегството на капитал во 2012 година ја чини економијата 44,5 милијарди евра, а во 2011 година 63 милијарди евра, додава тој.

„Несреќата“ на Русија во Кипар почна на почетокот на ’90-те години од минатиот век, кога банкарскиот систем на земјата се тресеше, плаќањата во странска валута беа речиси невозможни, а многу Руси отворија офшор сметки. Оттогаш системот се стабилизира, но користењето на офшор сметки не престана. Во декемри минатата година претседателот Владимир Путин одлучи да го реши ова прашање и предложи офшор зона во источните области на Русија. Идејата не е нова со оглед на тоа дека Русија веќе има над 20 специјални економски зони, кои им овозможуваат даночни олеснувања на инвеститорите.

– Сето ова што досега се случи не значи дека присуството на Русија во Кипар заврши. Додека Кипар минува низ тешки денови, потребата од надворешна политичка поддршка ќе го принуди повторно да ги зајакне односите со својот покровител. Излегувањето на Русија од островот на Афродита можеби ќе биде само за кратко време, заклучи Жуков.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ