Три парламенти од еврозоната ќе мора да го одобрат договорот за Грција

Од:

Три национални парламенти од 17-те земји членки на еврозоната ќе мора да гласаат за одобрување на договорот на меѓународните кредитори за намалување на грчкиот долг, јави дописникот на МИА од Атина.

Долниот дом на германскиот Парламент оваа недела ќе расправа за прашањето и во петок ќе гласа за договорот кој вклучува намалување на каматите, продолжување на доспевањето на заемите од 15 на 30 години и 10-годишно одложување на отплатата на каматите. Пакетот исто така предвидува на грчката Влада да и се овозможи да ги откупи своите обврзници од приватните инвеститори по намалени цени, како и дека ќе и се вратат 11 милијарди евра од профитите во националните банки кои се собрани со купување од страна на ЕЦБ на намалените грчки државни обврзници на секундарниот пазар.

Гласањето најверојатно ќе помине без изненадувања затоа што опозициските социјалдемократи и Зелените ја поддржуваат помошта за Грција, како и повеќето членови на десноцентристичката коалиција на Ангела Меркел.

Холандскиот Парламент исто така мора да го одобри договорот, но и тука не се очекуваат проблеми затоа што новата проевропска коалиција на десниот центар и левоцентристичката Работничка партија ја поддржуваат програмата за враќање на долгот на Грција.

Во Финска, каде што пратениците од претходно имаат поставено тешки услови за поддршка на кризи, и бараат гаранција за заемите за Грција, парламентарниот комитет однапред и даде на министерката за финансии Јута Урпилаинен  преговарачки мандат и таа за време на состанокот на еврогрупата постојано се консултирала со нив, пред да се согласи со што било.

Францускиот Парламент исто така ќе мора да го одобри договорот, но тоа ќе го стори во рамките на гласањето за буџетот за 2013 година, или за дополнувањето на буџетот за 2012. Социјалистичката партија на претседателот Франсоа Оланд има големо мнозинство во националното собрание.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски