Три опозициски партии бараат оставка од претседателот на Уставниот суд на Косово

Од:

Трите опозициски партии, Движењето Самоопределување, Алијанса за иднина на Косово и Иницијатива за Косово побараа денеска од претседателот на Уставниот суд на Косово, Енвер Хасани да поднесе оставка, бидејќи во „повеќе случаи го прекршил Уставот“.

Во заедничкото соопштение на трите партии е наведено дека кршењето на правилникот и уставноста од страна на Хасани довело до неуспех на Уставниот суд и флагрантно непочитување на законодавството.

– Судијата Хасани по овие случаи повеќе нема кредибилитет и не ужива доверба да може одговорно да ја извршува оваа функција. Случаите, во кои тврди дека е уценет, треба итно да се процесуираат до правосудните органи, се додава во соопштението.

Партиите наведуваат дека тоа се причините поради кои бараат оставка од актуелниот претседател на Уставниот суд, а како најнов пример го истакнуваат фалсификувањето на документи при изборот на меѓународни судии.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска