Три лица загинаа, а три се повредени во тешка сообраќајка во БиХ

Од:

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денес на делницата помеѓу Житомислиќ и Почитељ во Босна и Херцеговина, загинаа три лица. Портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретвскиот кантон, Илијана Милош, потврди дека уште две лица се повредени, но засега не се знае колку сериозно.

„Утрово во 4.30 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа три патнички возила на патот М-17. Во несреќата животот го загубија три лица, додека две се здобија со повреди со неутврдена тежина. Сообраќајот е целосно запрен, а истрага на местото на настанот ќе спроведат припадници на Секторот за криминалистичка полиција со помош на Полициската управа Чапљина, под надзор на дежурниот обвинител“, изјави Иијана Милош.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Уапсени две воспитувачки во градинка во БиХ – обвинети за психичко насилство врз дете

А1он

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден