Три лица се повредени во пожар во Албанија, над 2.000 се евакуирани

Од:

Шумски пожар повреди три лица и принуди евакуација на околу 2.000 жители околу јужниот албански град Делвина.

„Три лица претрпеа изгореници“, изјави заменик-градоначалничката на Делвина, Брунилда Мелеќи.

Шест села се евакуирани, а 10 ненаселени куќи се уништени во пожарот, рече таа.

Интензитетот на пожарот се намали откако два „канадери“ беа испратени да помогнат во гаснењето.

Министерството за одбрана соопшти дека околу 60 војници се испратени да помогнат во гаснењето на пожарот.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје